(ФОТО) Најубавата куќа во Албанија е како од бајките…

За посебната куќа во Албанија не е лесно да се каже дали е поубава од внатре или однадвор. Имено, од некогашна напуштена стара зграда, основачите на агро-туристичкиот дом, Мирзи и Занаве, создале импресивна визија која гледа кон иднината и го чува минатото.

Сликата која прикажува совршено вклопено стакло со стар камен е препознатлива во светот, а за неа пишуваат водечките архитектонски веб-страници.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ANDREA ZIGROSSI (@trotterwine)

Во срцето на имотот е, како што велат, најубавата куќа во Албанија, која ги комбинира старото и модерното однадвор.

За дизајнот било одговорно Ателје Плис, кое извело игра со различни природни текстури. Надвор, традиционалната камена обвивка ја пресекува двокатен аголен прозорец. На овој начин во куќата влегува многу повеќе светлина, а воедно се испраќа порака дека традицијата може да се зачува и истовремено да се освежи.


Внатрешноста е неверојатно автентична.

Собите се уредени на тој начин што даваат врвно чувство на топлина и пријатност, особено поради дрвените елементи кои доминираат – дебели греди преку таванот, трупци кои се всушност подлога за кревет.

Во ист стил се направени и масите, што на амбиентот му дава посебен шмек.

Сопствениците размислувале за сите детали, па собите се украсени со теписи, крзнени простирки за подот.

Бањата е вкусно уредена во комбинација од керамика, дрво, камен и стакло, во земјени и бели тонови.

Оваа куќа се изнајмува, а според „Букинг“ ноќевање за двајца возрасни и деца чини околу 7000 денари./точка/

АКТУЕЛНО

Поврзани објави