Search
Search

(ФОТО) Пендаровски собра над 6.000 потписи за кандидатурата за помалку од три часа

Кандидатите за претседател на државата од двете најголеми политички партии, СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, професорката Гордана Силјановска Давкова и актуелниот претседател Стево Пендаровски денеска собираат потписи од граѓани.

Кандидатурата на професорката Силјановска Давкова покрај со потписите и поддршката од 30 пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе биде поткрепена и со над 10.000 граѓански потписи, велат од ВМРО ДПМНЕ.  Откако утрово беа отворени подрачните одделенија на Државната изборна комисија, за помалку од три часа над 6.000 граѓани го дале својот потпис за кандидатот Пендаровски.

Во подрачните одделенија на Државната изборна комисија граѓани во колони чекаат ред да го дадат својот потпис за Пендаровски.

Ваквата заинтересираност е слична како и на претходните претседателски избори кога Пендаровски за неколку часа успеа да собере над 20 000 граѓански потписи.

 

АКТУЕЛНО