На цветниот пазар во Скопје поставен зад клиниката „Бит-пазар, цвеќето хризантема кое го симболизира доаѓањето на есентта го зазема своето централно место. Разнобојните и раскошните цветови ти го одземаат здивот и вниманието и никој не може да им одолее.
![](https://gradska.mk/wp-content/uploads/2023/11/386453835_633264505397872_5816358408607306727_n-1024x461.jpg)
![](https://gradska.mk/wp-content/uploads/2023/11/371454250_406375848380110_3285241366607281866_n-1024x461.jpg)
![](https://gradska.mk/wp-content/uploads/2023/11/371481529_305921955721755_6424368671014168005_n-1024x461.jpg)
![](https://gradska.mk/wp-content/uploads/2023/11/368559062_877305547309393_3724950274994246861_n-1024x461.jpg)
![](https://gradska.mk/wp-content/uploads/2023/11/386429672_6754897051262346_7855202448337436419_n-1024x461.jpg)
![](https://gradska.mk/wp-content/uploads/2023/11/371473156_725489969422529_9189057393891757362_n-1024x461.jpg)
Chrysanthemum – Хризантема е повеќегодишно цвеќе во облик на грмушкаста топка која по својот раст, декоративен и богат цвет дефинитивно можеме да ја вброиме во групата на раскошни цвеќиња. Кај нас е популарна во почетокот на Есента и го симболизира нејзиното доаѓање. Достапна е во многу различни видови, големини и бои како и комбинација од две или три бои. Се сади во саксии или директно во земја. За прв пат била култивирана во Кина, а својата популарност ја добива и во Јапонија каде е прогласена за национален цвет и се празнува на 9ти Септември на Денот на хризантемата кој е еден од петте антички цветни фестивали во Јапонија. Во различни култури таа симболизира различни вредности. Позната е како симбол на среќа, моќ, богатство и искреност. Во Австралија хризантемата често се дава како подарок на Денот на мајката. Во Кина се смета за симбол на есента и симболизира долговечност. Во Јапонија се смета за симбол на царот и царското семејство.
Н.Ш