Search
Search

Гаревски: Експертизата за мостот „Беласица“ е готова, потребна е лесна санација

Експертизата за мостот „Беласица“ е завршена и предадена е во градското собрание. По светската класификација оштетувањата се мали, не треба зајакнување на мостот, туку треба мала санација со естетско дотерување.

На мостот не е потребно зајакнување на каблите за пренапрегање, вели професор Михаил Гаревски од Институт за сеизмички отпорни градби и климатски промени..

Пуштањето на мостот во употреба не зависи од експертизата, ниту од Град Скопје, туку од Топлификација. Гаревски посочува дека треба да ги извади итно цевките затоа што преку нивната излоција дошло до пожар.

Простор за паника нема затоа што нема деформации на мостот, нема пукнатини, сите параметри укажуваат на тоа дека марките на изгорениот бетон се одлични-повисоки од проектираните. Има откривање на делови на ребраста обична арматура, но не може да се забележат каблите за пренапрегање. Доколку би биле изложени директно, во тој случај би биле загреани и би ги изгубиле карактеристиките-во таа ситуација ризикот ќе бил поголем-потенцира Гравески.

Мостот на улица „Беласица“ е пуштен во употреба во 2005 година, а пожарот се случи на 12 мај.

Извор: Тв24

АКТУЕЛНО