Search
Search

Герасимовски: 25 квалитетни и посветени асистенти ќе се грижат за учениците со посебни образовни потреби

Општина Центар во второто полугодие ангажира 25 лични асистенти за ученици со посебни образовни потреби во училиштата на своја територија. На последниот јавен повик бројката беше надополнета со квалитетни и посветени кадри.

Дополнителна мотивација за пријавување на јавниот повик за овие позициии беше и зголемувањето на месечниот надомест од  12.000 денари на 15.000 денари, за работен ангажман со скратено време од 20 работни часа неделно.

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски  одржа средба со асистентите, им се заблагодари за ангажманот, трудот и хуманоста: ,,Ви благодарам за сето она што го правите за да ги вклопиме овие деца  во образовниот систем. Ја знаеме тежината на вашата работа и затоа се потрудивме дополнително да ве мотивираме, во рамки на можностите на Општината, која финансиски целосно стои зад овој хуман проект.  Капа долу за вашиот ангажман. Ја препознавме големината на овој проект и останавме единствена  локална самоуправа што  го спроведува  со свои сопствени сили”, истакна Герасимовски.

АКТУЕЛНО