Search
Search

Герасимовски: Повеќе зеленило, сообраќајни решенија и детска градинка во новиот ДУП Крњево 2

Повеќе зеленило, подобрени сообраќајни решенија, нова детска градинка и зголемени растојанија на објектите се главните придобивки од носењето на Деталниот урбанистички план Градска четврт ЦС 07 – Крњево 2 на денешната, 26 седница на Советот информираат од општина Центар.„Повеќе зеленило, подобрени сообраќајни решенија, нова детска градинка и зголемени растојанија на објектите се главните придобивки од Деталниот урбанистички план Крњево 2 кој го донесовме на денешната седница на Советот. Како и досега, ги слушнавме барањата на граѓаните, овој план ги помина сите чекори и со носењето на ДУП-от Крњево 2 решаваме голем број на граѓаните во овој дел од Центар, проблеми кои овде се таложеле години наназад“, изјави градоначалникот Герасимовски.

– Во предвид се земени и вцртаните објекти, особено оние со предимензионирани и нехумани површини за градење. Со новиот план, вкупната развиена површина на објектите за домување во плановите од 144.931 м2 е намалена за 35%, односно на вкупно 93.640 м2. Подобрени и зголемени се и растојанијата помеѓу објектите. Во новиот план за Крњево сите објекти се со растојание од 16, 20 и повеќе метри, со што се остава подобро проветрен простор, кој има повеќе светлина и е побезбеден за секојдневното функционирање на граѓаните, а со новото планско решение ќе се изведе и нова пешачка улица, веднаш покрај булеварот „Крушевска Република“, се наведува во соопштението од Општина Центар.

АКТУЕЛНО