Едно женско лице од Германија и уште двајца скопјани вчера биле искасани од улични кучиња на подрачјето на Скопје во текот на вчерашниот ден.
На 09.01.2024 во 14.50 часот во Полициската станица Центар Н.Х.(30) од Германија пријавила дека во Градскиот парк во Скопје била касната од куче скитник.
На 09.01.2024 во 13.30 часот во Полициската станица Кисела Вода Г.Ц.(68) од Скопје пријавила дека на ул.„Марко Орешковиќ“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 09.01.2024 во 11.30 часот во Полициската станица Аеродром Ј.Г.(59) од Скопје пријавила дека на бул.„АВНОЈ“ во Скопје била касната од куче скитник.