Фото/Градска редакција

Гламурозна, висока, не многу длабока, дали сте слушнале за Кадина пештера?

Кадина Пештера, на левиот брег на Кадина Река во близината на селото Гумалево, Општина Зелениково, Скопско. Жителите на селото Гумалево не памтат некоја легенда за ова пештера, за Градска редакција тие велат дека постарите генерации ги засолниле овците под пештерата бидејќи има овална форма на покрив. Од неодамна таа претставува познато и доста посетувано место за спортско качување и алпинизам.

Фото/Градска редакција

Кадина Пештера претставува поткапина на голема варовничка карпа која се издигнува високо веднаш над левиот брег на Кадина Река на 1 километар југозападно од селото Гумалево. Пештерата се издигнува 50 метри над самиот брег на Кадина Река на местото каде што таа прави завој течејќи низ тесна клисура. Месното население ја нарекува само како Пештера, додека името Кадина Пештера и е дадено од спортските качувачи и планинарите, поради нејзината непосредна близина над Кадина Река.

Фото/Climbing school Macedonia

На запад од селото Гумалево, од левата страна на Кадина Река, на допирот помеѓу кристалесттите шкрилци и дискордантно на нив поставените хипуритски варовници, изградена е голема поткапина, со должина од 80 до 100 метри и височина од 15 метри. Во внатрешноста на поткапината има појава на мали пештерски украси, сталактити.

Почнувајќи од 2013 годиниа, кога од спортските качувачи и алпинисти се откриени можностите кои ги нуди, Кадина Пештера е препознаена како извонреден и големо место со интересна варовничка карпа која претставува еден вид спортско качувачко богатство и во моментов нуди можност за качување на 12 насоки со тежина која варира од 6а до 7c+. Започнувајќи од 2014 година, секоја година, на почетокот на пролетта во месец март, на Кадина Пештера се одржува „Цветен качувачки фестивал – Кадина Пештера“. За потребите за подобар пристап до местото од заинтересираните посетители, качувачи и туристи, поставени се повеќе патоказни табли во Зелениково, Страхојадица и Гумалево, каде што на крајот на селото постои и информативна табла и обележана пешачка патека.

Н.Ш

АКТУЕЛНО

Поврзани објави