Search
Search

Година и осум месеци затвор за сопственикот на „Беса Транс“

Судот во Скопје утрово го осуди Беким Хаџиу кој е сопственик на компанијата чиј автобус пред три години целосно изгоре на автопатот „Струма“. Една година и осум месеци ќе треба да биде во затвор, ќе треба да плати 13 илјади евра парична казна и нема да може во следните четири години да врши превоз на патници.

Тој и компанијата беа обвинети затоа што неколку пати ги фалсификувале документите со цел автобусот да може да ја поминува македонско-бугарската граница. Дозвола за меѓународен превоз на патници воопшто не била издадена од надлежното министерство во Скопје. Автобусот дури 113 пати ја преминал државната граница без валидна дозвола за превоз на патници.

Адвокатот на одбраната најави дека ќе поднесат жалба на вака изречената пресуда.

„Ова кривично дело не е поврзано со несреќата која се случи во Бугарија. Ова е кривично дело во делот на работењето на правното лице Беса Транс. Ако се направи компарација со други направени вакви случаи, сметам дека во оваа ситуација, казната е превисока“, рече во судница адвокатот на одбраната Асмир Алиспахиќ.

Во Македонија предмет се водеше само за работењето на компанијата, а за причините за несреќата предмет водеа бугарските власти кои утврдија дека станува збор за грешка на шоферот.

На 23.11.2022 година на автопатот Струмица се случи најсмртоносната сообраќајна несреќа во бугарската историја и во последните 10 години во Европа. Загинаа 45 лица од кои 12 деца, 7 лица беа повредени.

 

АКТУЕЛНО