Search
Search

Град Скопје: Дизниленд Реквизити без дозволи монтира панорамско тркало пред спортскиот центар „Борис Трајковски“

Фирма од Чаир регистрирана пред само еден месец, без потребните дозволи, поставува забавен парк кај спортскиот центар „Борис Трајковски“, соопштија од Град Скопје.

„Известуваме дека правното лице ‘Дизниленд Реквизити’, фирма од Чаир регистрирана пред само еден месец, без соодветни документи и дозволи, без потребна документација која гарантира безбедност, монтира панорамско тркало и останати реквизити во Карпош пред Борис Трајковски“, информираат од Град Скопје.

Оттаму додаваат дека извршиле надзор, превземаат мерки и го казниле правното лице, но сепак, како што истакнуваат тоа насилно продолжува да работи.

„Ги повикуваме надлежните институции и апелираме да постапат во најкус можен рок, бидејќи се доведува во прашање безбедноста на децата и на сите останати посетители поради практицирањето на ваквото самоволие“, се наведува во соопштението од Град Скопје.

АКТУЕЛНО