Иако општината Кисела Вода е меѓу најзадолжените општини во земјава, градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски се „почестил“ со часовник кој чини околку 8.000 евра, поточно 7.600 швајцарски франци.
Тој себеси се смета за голем хуманист и често говори дека граѓаните тонат во сиромаштија, се поставува прашањето како успеал да си го дозволи овој часовник кој чини 20 минимални плати.
Пред неколку месеци тој ги демантираше информациите дека побарал зголемување на својата плата и дека таа била во висина на законските одредби, но не посочи бројка.
Сепак според анализата на Градска.мк неговата плата изнесува над 90.000 денари, што значи дека за својот часовник потрошил околу 5 градоначалнички плати.
Значи ли тоа дека Ѓорѓиевски домаќински работи само на домашниот буџет, за краток период заштетедил за да си купи луксузен часовник, додека пак општината според податоците за период од две години, долгот го зголемила за над 40 милиони денари.
Тука може да се додадат и долговите кон добавувачите, а исто така на сајтот на општината не може да се најдат информации дали е платен долгот кон „Дрисла“ од каде во јули годинава посочија дека договорот на општината е истечен во март годинава.
Инаетливата одлука на Ѓорѓиевски, да го исфрли ѓубрето пред јавното претпријатие „Дрисла“ во напнатата вечер кога штрајкуваше ЈП„Комунална хигиена“, ги чинеше општината Кисела Вода и Ѓорѓиевски дополнителни 90.000 евра . За оваа казна тој беше дециден дека нема да ја плати и до денеска нема информација дали воопшто ја платил.