Search
Search

Градоначаникот на Ѓорче Петров ја носи општинската администрација на партиски состаноци

За време на работните часови, градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски заедно со вработени во општинската администрација одржал состанок просториите на Градскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, каде биле поканети и членови на невладини организации кои работат во насока на инклузија на деца со попреченост, денеска дебатиравме за важноста на инклузијата во општеството.

-Присутна беше и пратеничката Велика Стојкова-Серафимовска која даде допринос на темата, но и нови идеи за подобрување на условите на секојдневието за децата со атипичен развој.Општина Ѓорче Петров со особено внимание работи во насока на нови проекти за децата со попреченост и тоа ќе  остане еден од приоритетите и во наредниот период.Одлични идеи денеска добивме и од невладиниот сектор. Ќе ја продлабочиме во иднина соработката со НВО со цел заедно да работиме за подобро утре на секое дете и секое возрасно лице, стои во објавата на социјалните мрежи на Стојкоски.

АКТУЕЛНО