За време на работните часови, градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски заедно со вработени во општинската администрација одржал состанок просториите на Градскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, каде биле поканети и членови на невладини организации кои работат во насока на инклузија на деца со попреченост, денеска дебатиравме за важноста на инклузијата во општеството.
-Присутна беше и пратеничката Велика Стојкова-Серафимовска која даде допринос на темата, но и нови идеи за подобрување на условите на секојдневието за децата со атипичен развој.Општина Ѓорче Петров со особено внимание работи во насока на нови проекти за децата со попреченост и тоа ќе остане еден од приоритетите и во наредниот период.Одлични идеи денеска добивме и од невладиниот сектор. Ќе ја продлабочиме во иднина соработката со НВО со цел заедно да работиме за подобро утре на секое дете и секое возрасно лице, стои во објавата на социјалните мрежи на Стојкоски.