Search
Search

Градскиот Совет в понеделник ќе одржи вонредна седница на која ќе расправа за субвенциите за ЈСП

Советот на Град Скопје в понеделник ќе одржи вонредна седница на која ќе се расправа за субвенциите за ЈСП „Скопје“, откако денеска трите синдикати во ЈСП се заканија дека граѓаните ќе останат без градски превоз во понеделник доколку дотогаш не се изгласаат субвенциите и не им се исплати декемвриската плата.

Како што дознава „Слободен печат“, барањето за одржување вонредна седница е доставено попладнево, по што седницата е закажана во понеделник.

Претпладнево синдикатите како краен рок за изгласување на субвенциите ја посочија недела, но во интерес на граѓаните е да не ги остават без автобуси без да го причекаат одржувањето на понеделничката седница.

Советниците на последната редовна седница одржана три дена пред истекот на 2023 година гласаа против субвенциите за ЈСП, „Градски паркинг“ и за „Лајка“ предвидени за оваа година. Според предлозите „Лајка“ требаше да биде субвенционирана со 4 милиони денари, „Градски паркинг“ е планирано да добие 5 милиони денари, а предлогот за субвенционирање на ЈСП во 2024 година е во износ од дури 700 милиони денари. Од нив, 500 милиони се наменети за потешкотии во работењето, 140 милиони за бесплатен превоз на пензионери и на студенти и 60 милиони денари за функционирање на АЛВ и ситем за интелигентна наплата.

 

 

АКТУЕЛНО