Search
Search

Градските автобуси утре ќе возат по неделен распоред

Поради државниот празник Св.Климент Охридски,  кој е неработен ден за сите граѓани, утре автобусите од јавниот градски превоз ќе сообраќаат по возен ред како во недела, информираат од ЈСП „Скопје“.

Во текот на денот нема да работат билетарниците, освен онаа кај Транспортен центар, која ќе биде отворена од 6 до 13 часот.

Жичарницата ќе работи вообичаено од 10 до 17 часот.

АКТУЕЛНО