Search
Search
ФОТО: МИА

Гранични полицајци завршија во затвор, примиле поткуп за да пропуштат возило без зелен картон

Министерството за внатрешни работи објави  дека полициските службеници А.В. и Н. С., вработени на граничниот премин Ќафасан завршиле во 30-дневен притвор поради земен поткуп од 70 евра.

Поткупот е земен од возачот на автобусот со црногорски регистарски таблички кој немал важеќки зелен картон.

МВР за едниот полицаец поднесува кривична пријава за поткуп, а за вториот за несовесно работење во службата.

„Првопријавениот на 13.05.2023 на граничниот премин Ќафасан од возач кој управувал автобус со црногорски национални ознаки, за кој не поседувал важечки зелен картон, побарал и примил поткуп во паричен износ од 70 евра, додека второпријавениот, го пропуштил возилото без важечки зелен картон и му овозможил непречено да оствари влез во земјава“, велат од МВР.

За службениците ќе следува и дисциплинска одговорност и бидат суспендирани од работа до завршување на дисциплинската постапка.

АКТУЕЛНО