Search
Search

Гутереш шокиран од толкувањето на Израел на неговите изјави

Израелските власти бесни по коментарите на генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш дека смртоносниот напад на Хамас врз јужен Израел „не се случил во вакуум“, нарекувајќи ја неговата изјава оправдување за тероризмот.

Гутереш, пак, шокиран од погрешните толкувања на неговите изјави. Потенцираше дека изјавата била спротивно на тоа, и дека со неа, недвосмислено ги осудил застрашувачките и без преседан акти на терор на Хамас во Израел на 7-ми октомври, притоа исто така нагласувајќи дека поплаките на палестинскиот народ не можат да ги оправдаат ужасните напади на Хамас.

Пратеникот на Израел во ОН, Гилад Ердан, повика на оставка на Гутереш, велејќи дека Израел мора да ги преиспита своите односи со светската организација.

АКТУЕЛНО