Гужви на граничните премини „Табановце“ со Србија и „Богородица“ со Грција

Гужви на граничните премини „Табановце“ со Србија и „Богородица“ со Грција има од попладнево. Според АМСМ на двата премини се чека по половина час. За разлика од овие две граници, на останатите премини нема подолги задржувања. Продолжениот викенд го наполни јужниот сосед со туристи. Најбројни на граничните премини се автомобили македонски и српски регистрации.

Викендаши кои решија порано да се вратат, за да избегнат гужви велат дека не чекале. Некои од нив, низ двата пункта на границата со Грција, поминале за 10 минути.

Гужви на граница, но и кавги, имаше и минатиот викенд.

АКТУЕЛНО