Search
Search
ФОТО: Превземено од ФБ профилот на Општина Карпош

Хаос во Карпош, одлуки за ДУП, осветлување, училишта чекаат поради одмор – тврдат советници 

Независни за Карпош посочуваат дека минатата година по барање на претседателот на Совет имале седница на почеток на јули а потоа одмор до крај на август.

Тие додаваат: „Оваа година иако најави седница на крај на август изгледа нема да ја има, можеби оваа година има потреба од 3 месеци одмор“.

Тие негодуваат затоа што работите во Општина Карпош стојат незавршени.

„Уште во јули побаравме точка за прекин на рестрикциите на улично осветлување, очигледно тоа не е приоритет за претседателот. 30 Седница таа каде не изгласавме ДУП, според раководител на одделение за поддршката на С(тефче)овет не се одржала, бидејќи немало основ да продолжи по повлекувањето на точките од градоначалникот, а и претседателот кажал дека е завршена, така слушнале. Како и да е нити разјаснување на оваа ситуација не е приоритет за претседателот. Во основните училишта на територија на Карпош е кажано дека оваа година нема да има продолжен престој за децата од 4то одделение. Не се потпишани Решенијата за давање согласност на Годишните планови на сите основни училишта иако ги изгласавме. Ама и ова не е приоритетно, може да почека уште некој месец. Баравме и дискусија на бесправно изградена перална на територија на општината со пристапна улица до неа на место каде нема ДУП, зошто ако е тука е можно зошто не е можно да се исцрта зонски паркинг.
Има и прашања и теми за дискусија, се надеваме нема да имаме седници со по 60 точки на дневен ред по 2 месеци пауза“, велат од Независни за Карпош.

 

АКТУЕЛНО