По Аеродром и Гази Баба, учебната недела во основните училишта ќе запонува со химна во уште една скопска општина.
На предлог на советничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалцијата, советниците во скопската општина Карпош ја изгласаа одлуката за интонирање на химната на Република Македонија во основните училишта.
Претходно, ваква одлука донесоа и скопските општини Аеродром и Гази Баба, со цел кај децата од мали да им се развие љубовта кон татковината.
Химната се интонира секој понеделник, пред почетокот на наставата.