Search
Search
ФОТО: Превземено од ФБ профилот на Општина Карпош

Химната ќе се интонира и во основните училишта во уште една скопска општина

По Аеродром и Гази Баба, учебната недела во основните училишта ќе запонува со химна во уште една скопска општина.

На предлог на советничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалцијата, советниците во скопската општина Карпош ја изгласаа одлуката за интонирање на химната на Република Македонија во основните училишта.

Претходно, ваква одлука донесоа и скопските општини Аеродром и Гази Баба, со цел кај децата од мали да им се развие љубовта кон татковината.

Химната се интонира секој понеделник, пред почетокот на наставата.

 

АКТУЕЛНО