Search
Search

Хрватскиот министер за одбрана е повреден во сообраќајна незгода

Министерот за одбрана Марио Баножиќ утрово доживеа сообраќајна несреќа во која едно лице загина. Министерот го управувал своето возило кое се судрило со комбе. Загинал возачот на комбето.

Како што потврдија од полицијата, несреќата се случила во 06:15 часот на излезот од Винковци во правец кон Жупања.

Како што потврди за веб-страницата „Телеграм“ началникот на полициската управа Вуковар-Срем Фабијан Капулар, несреќата се случила во 6 часот и 15 минути, во правец кон Жупања.

– Марио Баножиќ е пренесен во болница – изјави Капулар.

Од жупаниската општа болница Винковци за „Телеграм“ потврдија дека утрово во таа болница бил донесен министерот Баножиќ.

– На одделот за интензивна нега е примен во 8 часот и 30 минути – соопштија од болницата.

Делницата од патот е затворена за сообраќај.

АКТУЕЛНО