Search
Search

И ние сме имале куќа од бајките како во Беверли Хилс, но ја срушивме за згради

Додека правевме содржина за атрактивно место за една куќа како од бајките во Беверли Хилс, Калифорнија, за еден агент за недвижности си купи старата куќа и ја претвори во туристичка атракција, излезе дека и ние сме имале исто таква куќа во Пржино, Скопје.

Каде е разликата!

Куќата во Пржино изгледала како онаа во Калифонија, но разликата е во тоа што Калифорнијците не се занимавале со суеверија и не ја срушиле за да градат згради. Куќата во Пржино, поаѓајќи од тоа што таму слушнале гласови, или дека има зли духови, ја оставиле како запустено место. За разлика од магичната куќа во Пржино, она во Беверли Хилс ја претворија во атракција каде само видеото на еден тиктокер собра милиони гледачи.

Куќата во Пржино

Најпозната легенда во Скопје е врзана за „зелениот дворец“ во населбата Пржино. Истиот е срушен и на негово место е направена зграда.

Изградена во барокно-готски стил, секогаш им паѓаше в очи на сите што минуваат по улицата „Востаничка“.

Во голем дел од написите за оваа куќа се вели „Погледот ќе ви запре на прекрасната купола, која вака запуштена, е страв и трепет за минувачите. Дворот беше обраснат со трева, небаре никогаш не минала косилка. Во големиот број празни шишиња ќе се забележеше и лименки од „скопско“, какви што пиварницата не произведува со години. Вратите од куќата секогаш беа подотворени. Прозорци практично и немаше. Сите беа искршени, само некаде имаше решетки. На подовите лежеа дотраените штици. Електричната изолација беше гола, но струја и онака немаше. Ѕидовите беа ишарани со графити, пароли и чкртаници. Скалите не оддаваа впечаток на сигурност“

„Не знаеме од каде почна да кружи приказната дека тука имало духови“, зборуваа соседите. Како што велат, тие не веруваат во приказните, но, сепак, признаваат дека не им е пријатно да влезат во куќата.

 

Куќата во Беверли Хилс

Куќата Спадена, локално позната и како Куќа на вештерки, била изградена во 1921 година од студиото за нем филмови Студио Вилат. Првично имаше канцеларија, како и тоалет и продавница за облека за филмовите на компанијата. Во 1934 година бил купен од семејството Спадена и претворен во приватна куќа.

 

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

A post shared by MARIAM’s Puzzle Of Life (@puzzle_of_life_)

Денес е во сопственост на Мајкл Либоу, агент за недвижнини. Во 90-тите ја покажувал куќата на разни заинтересирани кои сакале да ја урнат. Потоа Либоу сам го купи за да го спаси од оваа судбина. Домот тогаш го чинел 1,26 милиони долари, но денес вреди меѓу 6 и 7 милиони долари, според платформите за недвижнини Зилоу и Редлиф.

 

 

 

АКТУЕЛНО