Search
Search

И ова утро Скопје е најзагаден град во Европа

Како вчера така и денес, Скопје е најзагаден град во Европа според специјализираната интернет страница за следење на квалитетот на воздухот во поголемите градови и главни градови во светот, „Ај-Кју Ер“. Во светот пак Скопје го завзема седмото место според загаденоста на воздухот.

Пред Скопје се само Акра, Мумбаи, Лахор, Шенјанг, Вухан и Карачи. Единствен европски главен град кој е блиску до Скопје според загаденоста на воздухот е Сараево кој е на 12-то место со индекс од 129.

Според податоците на веб-страницата, најзагаден е воздухот во Лисиче, со индекс од 189. Мерните станици покажуваат високо ниво на загаденост и во Центар, Карпош и Гази Баба.

 

АКТУЕЛНО