Search
Search

И само два газирани пијалаци неделно се штетни по здравјето

Резултатите од триесетгодишното истражување, спроведено од канадски научници, покажале дека само две лименки газирани пијалаци неделно може да имаат штетно влијание врз здравјето.

Истражувачите од Универзитетот Лавал во Квебек проучувале околу 100.000 здрави возрасни лица во период од триесет години, во обид да ја откријат штетата што може да ја предизвика пиењето сода.

Учесниците беа поделени во две групи. Половина пиеле пијалаци засладени со шеќер повеќе од два пати неделно, додека останатите се воздржувале или само „ретко“ се почестувале со еден.

Резултатите објавени во The American Journal of Clinical Nutrition покажаа дека оние кои пиеле засладени пијалаци повеќе од два пати неделно имале поголем ризик од кардиоваскуларни болести, без оглед на нивото на нивната физичка активност. Со други зборови, колку и да биле физички активни учесниците, тие го поништиле целиот напор пиејќи само два газирани пијалаци неделно.

Истражувачите заклучија дека вештачки засладените пијалаци го немаат истиот негативен ефект, што укажува дека тие се побезбедна опција.

„Замената на засладените пијалоци со диетални пијалоци е добро бидејќи го намалува количеството шеќер што го внесуваме во телото. Но, најдобрата опција за пијалок останува водата“, вели професорот Жан-Филип Друин-Шартие од Универзитетот Лавал.

 

АКТУЕЛНО