Search
Search

И во струмичката гимназија се забранува учениците да носат искинати фармерки, кратки сукњи, пирсеви…

По примерот на прилепската гимназија „Мирче Ацев“ и СОУ „Јане Сандански“ од Струмица се приклучува кон кампањата за пристоен изглед на учениците во средните училишта.

Според правилникот за надворешниот изглед на учениците во гимназијата, забрането е да се оди на училиште во маици на прерамки, хеланки, кратки пантолони и маици, кратки сукњи, искинати фармерки и панталони, тренерки, долги нокти, пирсеви…

Плакатот со правила за надворешниот изглед на учениците ќе биде истакнат на повеќе видни места во училиштето и ќе се вложат сите напори истите да се почитуваат, велат од СОУ „Јане Сандански“.

АКТУЕЛНО