Search
Search

„Иднина” – изложба на бугарската уметница Цветелина Русалиева во Скопје

Во Културно информативниот центар на Бугарија во Скопје, во четвртокот, на 28 март, од 18 часот беше отворена изложбата „Иднина” на бугарската уметница Цветелина Русалиева.

Цветелина Русалиева живее и работи во Софија, Бугарија. Таа израснала во градот Русе во уметничко опкружување на семејство уметници, потомци на старото бугарско семејство Русалиеви од Бургас. Студирала моден дизајн во Русе со специјалност „Моделирање и конструкција на облека”, а подоцна дизајн на ентериер во Софија.

 

     

Русалиева дефинитивно зазема индивидуално место меѓу современите бугарски уметници. Темите на нејзините дела немаат потреба од опис и декодирање, а нејзините слики пленат со нежни апстрактни визии зад кои се крие специфична порака.

Уметницата има одржано самостојни изложби во Софија, Берлин, Сарбрикен, Њујорк и групни изложби во Палермо, Женева и Рим.

Добитничка е на наградата „Најдобар млад дизајнер” на Форумот Бугарска мода во 1997 година. Во 2015 година учествуваше на престижното „Architectural Digest Home Show” во Њујорк и Мајами.

Таа ја основа својата прва приватна галерија „Римини” во Софија во 2012 година, која потоа стана „Галерија за модерна уметност Софија” во хотел Арена ди Сердика. Во 2017 година ја отвори Бугарската галерија на современа и светска уметност во Рим – „Galleria della Luce di Roma”.

Во 2018 година, Цветелина Русалиева создаде свој моден бренд „Фиорелина”- маици од чист органски памук со дигитално печатење на нејзините авторски слики.

На почетокот на 2022 година, заедно со нејзината ќерка, манекенката и модна дизајнерка Христијана Димитрова го лансираше проектот „Дизајн и вино” – иновативен уметнички простор за цртање и мода.

Настанот го отвори Антонија Велева, директорката на Бугарскиот културен и информационен центар во Скопје, а на отворањето на изложбата „Иднина“ присуствуваа лично уметницата Цветелина Русалиева, г. Ангел Ангелов, амбасадорот на Република Бугарија во Скопје, претставници на бугарската заедница, партнери од институции во Министерството за образование, претставници на Амбасадата на Република Бугарија и други странски дипломатски претставништва во РСМ.

 

АКТУЕЛНО