Search
Search

Инфлацијата во јануари намалена во однос на декември

Инфлацијата намалена, но граѓаните речиси и да не забележале. Според статистичарите во земјава во јануари годинава споредбено со претходниот месец трошоците за живот паднале за 0,3 проценти.

Намалувањето според Заводот за статистика е резултат на намалени трошоци за подмирување на сметките, поевтини биле обувките, одењето на културни настани, а се намалиле и трошоците за транспорт, а цените на храната останале речиси исти како и во декември минатата година.

Според податоците на статистика, во јануари годинава споредбено со декември минимално зголемување на цените за 1,5 % има кај алкохолни пијалаци, тутун, ресторани и хотели за 1.3 %, мебелот, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0.6 %, здравје за 0.5 % и храна и безалкохолни пијалаци за минимални 0.1 %.

Пад на инфлацијата бележи и НБРМ, според проекциите инфлацијата годинава ќе се движи од 3,5 до 4 %, а доколу нема поголеми надворешни и внатрешни шокови, се очекува намалувањето да продолжи, при што, на среден рок стапката на инфлација би се свела на историскиот просек од околу 2%.

АКТУЕЛНО