Search
Search

Instagram и Facebook ги заоструваат мерките за користење апликации за тинејџерите

Meta соопшти дека ќе крие почувствителна содржина од тинејџерите на Instagram и Facebook поради глобалниот притисок од регулаторите врз гигантот за социјалните медиуми да ги заштити децата од штетната содржина на неговите апликации.

Овој потег ќе им отежне на тинејџерите да наидат на содржини како што се самоубиство, самоповредување и нарушувања во исхраната кога користат функции како пребарување и истражување на Instagram, наведува Meta.

Според Meta, сите тинејџерски сметки стандардно ќе бидат под најрестриктивните поставки за контрола на содржината на Instagram и Facebook, а дополнителните пребарувања ќе бидат ограничени на Instagram.

„Сакаме тинејџеритена нашите апликации да имаат безбедно искуство и соодветно на возраста. Затоа, денес објавуваме дополнителни заштити кои се фокусираат на видовите содржини со кои тинејџерите се среќаваат на Instagram и Facebook“, велат тие.

Дури и ако тинејџер следи сметка што објавува чувствителни теми и содржини, тие објави ќе бидат отстранети од нивниот ѕид, според блогот на Meta. Компанијата вели дека мерките, кои се очекува да бидат спроведени во наредните недели, ќе помогнат да се обезбеди повеќе искуство „соодветно на возраста“.

Инаку, Meta е под притисок во САД и Европа поради наводите дека нејзините апликации предизвикуваат зависност и помогнале да се поттикне кризата со менталното здравје кај младите. Токму затоа компанијата се одлучила на овој чекор, пишува The Guardian.

 

АКТУЕЛНО