Во продолжение објавата на „И Здравје и Работа“:
Зошто ја започнуваме објавата со дефиниција за шизофренија? На 14 март главниот политикант од Струмичката котлина излезе со “вонредно соопштение” во кое во стилот на НКДВ и Берија објави информации за наводни тајни средби на концесионерот на Иловица со Ковачевски и Мицкоски на кои било договорено Македонија да стане рударска колонија. Денес, после 23 дена истиот политикант објавува сосема спротивна анализа. Како да станува збор за две различни личности а не ист човек. Сега, според неговото мислење, концесионерот на Иловица бил готов и дека заканите за Арбитража се доказ за нивната паника.
Лажните еко активисти оркестрирано го споредуваат концесионерот со змија на која според нив главата треба да и се отсече. Трумфално слават што Управниот Суд пресудил против концесионерот. Еднаш го воспеваат Управниот Суд, друг пат го кудат во зависност од исходот.
Станува неподнослива леснотијата со која се менуваат ставовите на овие неколкумина обожаватели на Левица, следбеници на Путин, Дугин и Енвер Хоџа, антиестаблишмент, антизападни и анти НАТО активисти кои се лукративно мотивирани да ја задржат “статус кво” состојбата со рударската индустрија во Македонија. Заради нивниот егзибиционизам страда целата Струмичка котлина.
Само неодговорни луѓе може да ликуваат на Арбитража со лаконско тврдење дека нема правен основ. Небаре се меѓународни судии а не обични манипуланти. Само да знаат дека ако Македонија изгуби спор на Арбитража за рудникот Иловица и биде задолжена за милионски отштети ние ќе покренеме иницијатива за кривична пријава и граѓански тужби за секој од овие лажни еко активисти кои ќе бидат непосредно одговорни за предизвикување тешки штети врз Буџетот за Македонија со предизборни уцени.
Ќе си одговараат за своите постапки.