Search
Search

Историскиот музеј одбележува 70 години од основањето

Годинава се одбележува 70-годишниот јубилеј од отпочнувањето на дејноста на Историскиот музеј на Македонија. Овој значаен датум за историската музејска дејност ќе биде одбележан со поставувањето на изложбата „70 години Историски музеј на Македонија“, во Музеј на Република Северна Македонија. Изложбата ќе биде отворена на 18 мај 2023 година, во 13.30 часот.

Изложбата нуди ретка можност пошироката јавност да се запознае со бројни дела на еминентни македонски сликари и скулптори, од колекцијата на Историскиот оддел при музејот. Најголем дел од овие значајни уметнички творби и музејски предмети никогаш досега не биле изнесени од историското музејско депо.

Покрај тоа, преку документи, изложбени плакати, каталози и други публикации, ќе може да се проследи развојот и активностите на оваа музејска институција.

Со оваа изложба, Музејот на РСМ се приклучува кон одбележувањето на Меѓународнот ден на музеите – 18 мај.

АКТУЕЛНО