Search
Search
Special police forces officers stand next to a burning car, following clashes between Kosovo police and ethnic Serb protesters, who tried to prevent a newly-elected ethnic Albanian mayor from entering his office, in the town of Zvecan, Kosovo, May 26, 2023. REUTERS/Valdrin Xhemaj NO RESALES. NO ARCHIVES.

Истрели, солзавец, судири, барикади: Се што се случи денеска на северот на Косово?

Обидот на новите косовски градоначалници на Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ да влезат во општинските објекти предизвика бурни реакции кај локалните Срби. Веднаш во овој дел се огласи аларм и почна собирот на граѓаните за да ги блокираат влезовите во општинските згради. Ова ја подгреа тензијата на ситуацијата, што доведе и до интервенција на косовската полиција.

Најтензична ситуација беше на општина Звечан. Таму мораше да интервенира и полицијата која фрли солзавец за да ја растера толпата. И некои локални косовски медиуми објавија истрели од огнено оружје, но не е откриено кој ја направил оваа дејство.

На излегување гневните демонстранти запалија и автомобил на косовска полиција.

По отклучувањето на влезот во зградата, градоначалникот на општина Звечан Илир Пеци за косовскиот весник Национале потврди дека влегол во општинската зграда.

Не помина долго и Србите почнаа да поставуваат барикади во тој дел на Косово.

Реакции на косовските институции

Косовската полиција реагираше на ситуацијата на северот од Косово. Полицијата преку соопштение рече дека им помага на градоначалниците на општините на север да го остварат своето право на работа, во службените објекти на соодветните општини.

„Косовската полиција согласно законските и уставните овластувања, ги презема своите полициски дејствија во обезбедувањето на безбедноста, одржувањето на редот и јавната безбедност, како и преземање полициски мерки со цел спречување на сите криминални активности кои се случуваат во државата. Согласно службената должност, денеска косовската полиција им помага на градоначалниците на северните општини Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток да го остварат своето право на работа, во службените објекти на соодветните општини“, се вели во полициското соопштение.

Потоа реагираше и косовскиот министерот за локална самоуправа Елберт Красниќи. Тој во својот „Фејсбук“ профил напиша дека новите градоначалници треба да ја вршат работата во службените објекти на општините.

„По изборите на 23 април, конститутивни седници се одржаа во Северна Митровица, Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ. Вчера заклетва дадоа градоначалниците на општина Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ. За нив денеска е првиот работен ден. Работа и услуга што треба да ја вршат канцелариите на Општините заедно со државните службеници“ – напиша Красниќи на социјалната мрежа „Фејсбук“.

Според него, централните институции имаат обврска да обезбедат и овозможат исполнување на обврските на тројцата избрани градоначалници.

САД ја осудуваат акцијата на полицијата на север

Амбасадата на САД во Косово ги осуди постапките на властите на Косово за воведување на новите градоначалници во објектите на општините.

Во реакција на профилот на американскиот амбасадор, Џеф Ховениер, се вели дека „насилните мерки“ мора веднаш да престанат.

„САД ги осудуваат тековните акции на косовските власти за навлегување во објектите на општините на северот на Косово. Денешните насилни мерки мора веднаш да престанат“, напиша Ховениер.

Вучиќ и` нареди на војската да ја подигне борбената готовност на највисоко ниво

Српскиот претседател Александар Вучиќ нешто пред 14 часот издаде наредба до српската армија да ја подигне борбената готовност на највисоко ниво и од тој момент единиците започнаа со воени активности, изјави министерот за одбрана Милош Вучевиќ.

„Наредено е итно движење кон административната линија со Косово“, изјави Вучевиќ за ТВ Пинк во живо од центарот на Белград.

Тој предупреди дека настаните на северот на Косово, каде, според него, владата во Приштина ги презема зградите на локалните самоуправи, не се игра, туку ја загрозуваат безбедноста на сите во регионот.

Како што нагласи, армијата апсолутно ќе ја исполни наредбата на Вучиќ и ќе го брани суверенитетот на Србија и правото на живот на сите нејзини граѓани.

„Јасно е дека се врши терор врз српската заедница на Косово“, заклучи Вучевиќ.

Н. А.

АКТУЕЛНО