Search
Search

Изминатите години земјава бележи пораст на бројот на деца со говорни нарушувања

Во последните години забележан е рапиден раст на деца со говорни нарушувања, кои имаат потреба од логопедска помош. Кај 80% од децата на возраст од 3-6 години дијагностицирани се помали или поголеми проблеми со говорот, зголемен е и бројот на деца на 2-3 годишна возраст кај кои забележано е целосно отсуство на говорот-вели Билјана Беделовска, единствениот логопед во детската градинка „Мајски цвет“, додава обемот на деца е зголемен и помош бараат од Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас во Битола.

Загрижувачки е бројот на деца во предучилишните установи кои имаат нарушувања во говорно јазичниот развој-велат логопедите.

Од година во година бројот на деца кои имаат проблем со вербалната комуникација, рапидно расте. Говорните нарушувања се поврзани со проблеми со комуникацијата и артикулацијата на одредени гласови, па се до проблеми во разбирањето на говорот и негова продукција, таквите деца главно молчат, тешко изговараат слогови или поврзуваат зборови – вели Билјана Беделовска логопед во детската градинка „Мајски цвет“ – додава и дека кај голем број деца на 2-3 годишна возраст забележано е целосно отсуство на говор.

Причините за ваквите фонолошко-артикулациски нарушувања, можат да бидат од психолошки или органски фактори, а најчесто се средински, односно потекнуваат од средината во која детето живее. Беделовска препорачува да се намали користењето на модерните технологии во секојдневието на децата, содржините да бидат внимателно одбрани и родителите повеќе време да поминуваат со нив во разговор и игра.

Бројот на логопеди и дефектолози во градинките во Битола е недоволен во однос на зголемениот број на деца кои имаат потреба од нивна помош, Беделовска е единствен логопед во градинката „Мајски цвет“, вели поддршка добиваат од заводот за рехабилитација на слух говор и глас во Битола.

Извор: МРТ

АКТУЕЛНО