Search
Search

Израел бомбардира стотици цели во Појасот Газа

Израелската војска утрово соопшти дека повторно бомбардирала стотици цели во Појасот Газа, при што загинале неколку команданти на исламистичкиот Хамас.

– Во текот на последниот ден, ИДФ погоди над 400 терористички цели и уби неколку команданти на Хамас и бројни оперативци кои подготвуваа напади, соопштија израелските одбранбени сили (ИДФ) на социјалните мрежи.

– Во широка операција за разбивање на терористичките способности на Хамас, ИДФ погоди десетици вооружени лица на Хамас кои се подготвуваа да истрелаат ракети и да извршат терористички напади врз израелскиот домашен фронт, соопшти војската, додавајќи дека борбените авиони на ИДФ „погодиле десетици локации на терористичката инфраструктура и терените на Хамас“ во пет населби.

Авион на ИДФ, исто така, „погодил отвор на оперативен тунел на Хамас што им овозможувал на терористичките оперативци брз пристап до крајбрежјето“ и „командните центри што ги користат оперативците на Хамас и местата каде што се планираат активности лоцирани во џамии што ги користи Хамас“.

АКТУЕЛНО