Во сообраќајна контрола вчера на територија на државата казнети се 259 возачи за возење со брзина поголема од дозволената.
Како што информира денеска МВР, од нив 15 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 129 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 130 надвор од населено место.
МВР укажува дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.