Search
Search

Како беспрекорно да го дезинфицирате домот?

Три вообичаени грешки при чистењето.

Многумина при чистењето на домот не се свесни дека прават големи грешки, па не само што губат време, туку дозволуваат прашината и микробите да се задржуваат во домот.

Една професионална хигиеничарка открива кои се најчестите грешки при чистењето, па ако сакате домот навистина да ви е чист, обратете внимание на овие совети.

1. Правосмукување во сите правци

Оваа хириеничарка за чисти подови и теписи препорачува правосмукувањето да биде во сите правци за да се обезбеди потемелно чистење.

2. Отстранување на прашината пред да се нанесе средството за чистење

Пред да го нанесете средството за бришење прашина, важно е најпрво со обична крпа да ја избришете прашината од површината што ќе ја третирате. Така нема да се случи да ја преместите прашината од едно место на друго.

3. Оставете средството да делува

Откако ќе ја отстраните прашината со обична крпа и ќе ставите средство за дезинфекција, потребно е да го оставите барем 10 минути за да делува. Секогаш прочитајте ја етикетата пред да го употребите средството за чистење, бидејќи различни средства имаат различно време на делување. Ако ја напрскате површината која треба да ја чистите, а веднаш потоа ја избришете, ја намалувате ефикасноста на средството за чистење. Со оставање на средството да делува на површината, уништувате повеќе микроби.

АКТУЕЛНО