Каков комплекс „ќе никне“ кај Алумина?

Наместо изградба на современи објекти како во најголемите метрополи, ВМРО-ДПМНЕ сака лажен барок, реагираше првиот човек на Карпош, Стевче Јакимовски, откако советничката група на ВМРО-ДПМНЕ со 4.000 амандмани на општинскиот буџет сака да го спречи носењето на плановите за „Алумина“, Влае и „Млечен“.

Јакимовски уверува дека со изградба на новите згради, нема да се наштети на зеленилото и целиот простор во Општина Карпош.

„Тие се нови објекти, модерни, како во Дубаи, Софија. ВМРО-ДПМНЕ се за згради со барок, со лажен барок. Лага е дека нема да има две висококатници, туку дека ќе има 35 катници. Интенцијата на целиот ДУП е да не се заземаат зелените површини, туку да се оди кон небото“,-Стево Јакимовски – градоначалник на О. Карпош.

Од друга страна пак, советникот на ВМРО-ДПМНЕ во Општината, Роберт Вељановски вели дека во Карпош не се живее хумано, а со евентуално градење на нови висококатници, дополнително, ќе се отежни животот на карпошани.Очекуваат поддршка и од другите советнички групи.

-Карпош станува место каде не може хумано да се живее. Енормното загадување, огромниот проблем со паркинзи, ништо од тоа не се обидува да се реши иако две години во советот имаме иницијативи за поставување на монтажни простори, не наидуваме на никакво разбирање. Лажени сме дека со секој ребаланс, ќе се одобреме средства за такво нешто.- Роберт Вељановски – ВМРО ДПМНЕ.

За новите дупови во Карпош реагираа и од иницијативата Борба за Влае. Според нив, од секој можен аспект жителите на Карпош ќе бидат жртви на комплексот кај Алумина.

 

АКТУЕЛНО

Поврзани објави