Какви домати бараат Европeејците?

Европските потрошувачи претпочитаат помали сорти на домати. Подготвени се да платат повисока цена за нив, информира FreshPlaza.

Деновиве, Европската комисија ја презентира својата прогноза за следните 10 години во производството и маркетингот на овошје и зеленчук. Акцентот е ставен на трендовите на пазарот на домати.

Според аналитичарите, европското производство ќе надмине 16 милиони тони, од кои 40% е за свежа потрошувачка, а остатокот за преработка.

Во извештајот се вели дека главниот придонес за растот на производството ќе го имаат производителите во северозападна Европа.

Во последните 10 години потрошувачката на свежи домати остана скоро иста. Европејците консумираат околу 14 кг домати по жител годишно. Оваа бројка може да се спушти (-0,5%) на околу 13,6 кг по човек годишно до крајот на следната деценија.

Според анализата, потрошувачите претпочитаат помали сорти домати. Вторите се здобиваат со популарност како резултат на маркетинг кампањите на производителите кои се фокусираат на вкусот, квалитетот и безбедноста на храната.

Што се однесува до увозот, 72% од доматите доаѓаат од Мароко. 18% од доматите се од Турција. Увозот се очекува да се зголеми за 0,4% во годишно ниво.

 

АКТУЕЛНО

Поврзани објави