Какви мерки изгласа ЕУ за намалување на емисиите на метан

Метанот е стакленички гас кој е до 30 пати посилен од јаглерод диоксидот кога станува збор за загадувањето. Со цел да се исполни целта поставена со Парискиот договор за ограничување на глобалното затоплување на 1,5oC и постигнување климатска неутралност до 2050 година, Европската унија усвои нови мерки.

Имено, денеска Советот донесе уредба за следење и намалување на емисиите на метан, што е дел од пакетот Fit for 55 Со уредбата се воведуваат нови барања за мерење, известување и верификација на емисиите на овој гас во енергетскиот сектор.

Првенствено, се воведуваат построги правила во однос на следењето и известувањето. Тоа значи дека операторите ќе треба да ги мерат емисиите на метан на ниво на извор и врз основа на тоа да подготват извештај за мониторинг кој ќе биде проверен од независни акредитирани верификатори.

Од земјите-членки се бара да одржуваат и редовно да го ажурираат пописот на сите бунари, како и плановите за рехабилитација на неактивни бунари, со цел да се спречат ризиците за јавното здравје и животната средина. Така е и кога станува збор за рудниците за јаглен кои биле затворени или напуштени пред помалку од 70 години. Причината е што емисиите на метан продолжуваат да се ослободуваат дури и по прекинот на производството.

Кога станува збор за мерките за превенција и ублажување, операторите имаат посебни одговорности. Од нив ќе се бара да детектираат и поправаат истекување на метан, со мерење и истражување на истекување во различни типови на инфраструктура во одредени интервали. Во таа ситуација, од операторите ќе се бара да ги поправат или заменат сите компоненти над одредени нивоа на истекување веднаш по откривањето, а најдоцна пет дена по тој момент.

Регулативата исто така забранува испуштање и согорување на метан од одводните станици до 2025 година и од таканаречените вентилациони шахти до 2027 година. Исклучоци се ситуации кога тоа е строго неопходно. Инаку, ослободувањето на метан се однесува на негово ослободување директно во атмосферата, додека палењето се користи за да се намали количината што се ослободува во атмосферата. Кога станува збор за значењето на термините, одводните станици претставуваат инсталации што се користат за отстранување на метанот од рудникот за да се спречи негово акумулирање. Од друга страна, вентилационите шахти се системи кои обезбедуваат проток на воздух во рудниците.

Исто така, ќе се следат и емисиите на метан од увозот на енергија на Европската унија, односно колку метан се ослободува од моментот на производство на енергија до транспорт во Европската унија од други земји.

АКТУЕЛНО

Поврзани објави