Search
Search

Kамените кукли и легендата која се пренесува за нив

Споменикот на природата Камени кукли во село Куклица се наоѓа на десетина километри од Кратово. Настанати се од вулканската ерупција пред 10 милиони години и се природен феномен.

Wikipedia

 

 

 

 

Wikipedia

Легендата вели дека многу одамна во селото Куклица се случила голема трагедија. Момчето, во кое една девојка била бескрајно вљубена, се оженило со друга, поради што разочараната девојка ги проколнала младенците. Кога дошол свадбениот ден, навидум се било во ред: се собрале сватовите, стасале и другите гости, веселбата почнала. Во моментот кога младенците се бакнале, клетвата се остварила и сите свадбари се скамениле. Скаменетите свадбари и денес сведочат за гневот и за болката на несреќната девојка. Меѓу локалните жители местото е познато како „Весела свадба“ зашто сватовите останале насмеани, а младенците се скамениле во нежна прегратка.

Со малку фантазија, секој посетител може да си ги дополни празнините во приказната, бидејќи не се знае што се случило со девојката што ја фрлила клетвата. Мештаните раскажуваат дека нивните предци се обиделе да ја растурат клетвата на вљубената девојка, но не успеале. Исто така, кажуваат дека на секои 5 до 6 години, и во Горно и во Долно Маало, двата локалитета што се поделени со еден рид, никнува по една нова фигура. „Највпечатливи се невестата и младоженецот, кои се придружени од деверот и деверицата. Тие се најголеми и се гледаат еден со друг во очи“, кажуваат селаните.

Сепак треба да се спомене и научниот аспект кој е сосема спротивен. Имено, научниците тврдат дека камените кукли се создале уште пред да се појави каква било населеност на планетава, и тоа од вертикална ерозија на вулкански карпи.

 

АКТУЕЛНО