Општина Карпош денеска ја започна есенската дератизација, која редовно се спроведува секоја година и се очекува да трае речиси до крајот на оваа календарска година.
Целта е, како што велат од Карпош, уништување на штетните глодари и инсекти, но и како превенција од заразни болести.
Со дератизацијата ќе бидат опфатени околу 5.000 шахти. Претходно, Општината спроведе дезинфекција, дезинсекција и дератизација на сите основни училишта и детски градинки на својата територија.