Search
Search

Карпошани на анкета треба да ги мапираат еколошките приоритети за изработка на новиот ЛЕАП

Карпошани на анкетен прашалник објавен на веб страницата и на страниците на Општина Карпош на социјалните мрежи, можат да ги искажат своите мислења за еколошката состојба во нивната општина и да ги мапираат приоритетите еколошки проблеми.

Анкетниот прашалник се спроведува во процесот на изработка на новиот Локален еколошки акционен план за периодот од 2024-2029 година, а целта е, како што информираат од Општината, да се добие конкретно мислење од јавноста во врска со оваа проблематика.

Граѓаните, меѓу другото, треба да одговорат дали според степенот на деградираност на животната средина општина Карпош е незагадена, незначително загадена, средно или високо загадена општина. Се бара и нивно мислење за тоа кои се главни причини за загадувањето на воздухот во Карпош и дали имале некакви последици врз здравјето во изминатите пет години.

Дали на инспекциските служби кои вршат надзор над прописи од областа на животната средина треба да им се дадат поголеми овластувања и можност на изрекување на високи парични казни е едно од прашањата на кои треба да одговорат оние кои ќе се решат да ја пополнат анкетата и да дадат свој придонес во оформувањето на еколошката слика и еколошките приоритети во Карпош.

Едно од можеби најинтересните прашања за жителите на општината, во која постојано граѓаните водат битни со, според нив, лошите ДУП-ови е – Дали сметате дека треба да се изврши промена на некои од Деталните урбанистички планови на Општина Карпош и во нив да биде предвидена поголема зелена површина?

 

АКТУЕЛНО