Search
Search

Карпошани ќе добијат затворен базен и целосна реконструкција на спортската сала „Партизан“

Во Карпош денеска започнаа градежните активности за изградба на затворен базен, кој се гради до салата „Наум Наумовски-Борче“, попозната како „Партизан“.

Увид во градежните активности направија премиерот Димитар Ковачевски, заедно со директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски и градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски.

-По повеќе од 20 години, а јас би рекол и по повеќе од 40 години, овој објект конечно ќе ја смени својата лоша слика која ја имаше во текот на изминатите децении, а сега со наша поддршка ќе добие нов лик кој може и сами да се уверите е една модерна спортска сала која ќе обезбеди место за спортување на сите граѓани од Карпош, меѓутоа и на граѓаните од другите општини во Скопје кои гравитираат околу Карпош – изјави премиерот Ковачевски.

Базенот е со големина 33х40 метри и длабочина до 1,4 метри, комплетно затворен, а ќе биде поврзан со спортската сала. Оваа инвестиција, финансирана од Владата преку преку Агенцијата за млади и спорт чини 760 илјади евра.

Воедно, овде на терен, со огромно задоволство сакам да споделам и дека веќе привршуваат работите на комплетната реконструкција на салата „Партизан“ кои треба да завршат некаде до средината на октомври што значи дека за 1 месец од денес ќе имаме пуштање на оваа сала и да видиме повторно младите карпошани и повозрасните да се занимаваат со своите омилени спортови. Тука ќе биде место каде што ќе можат да се сместат голем број на спортски клубови кои функционираат во Карпош, од кошаркарските клубови, ракометните клубови, одбојкарски, карате клубови итн – додаде Ковачевски.

Тој порача дека со ова се враќа спортскиот дух на карпошани и ќе добијат нов модерен спортски комплекс.

Дополнителната инвестиција која веќе се одвива и веќе е при крај, за 1 месец, изнесува 1,1 милион евра во однос на реконструкцијата на Спортскиот центар „Партизан“ и со ова потврдуваме дека вложуваме во капитални објекти кои значат подобро живеење на граѓаните, подобри услови и секако спортски објекти кои во овој исклучително урбан дел на Скопје ќе овозможи на Скопјани да имаат место каде што ќе се занимаваат со своите омилени спортови – информираше премиерот Ковачевски.

АКТУЕЛНО