Source: The Hill

Католиците добиваат нов светец – заштитник на интернетот

Католичката црква е на пат да го добие првиот светец – милениумец. Тоа е италијанскиот тинејџер Карло Акутис, кој почина од леукемија на 15-годишна возраст во 2006 година.

Акутис, кој го добил прекарот божји инфлуенсер го сметале за компјутерски гениј, а својот талент тој го користел за да ја шири католичката вера, па веќе го викаат „светец заштитник на интернет“. До својата смрт тој раководел со веб-страницата на миланската епархија, а подоцна и на Академијата на Ватикан.  На Карло љубовта кон католичката вера му ја всадила неговата дадилка Полјачка.

По смртта, телото на Карло е преместено во италијанскиот град Асизи, каде што неговото почивалиште функционира како светилиште.

Овој тинејџер бележел наводни чуда и помагал во водење на сајтовите на католичките организации. Акутис е прогласен за блажен  во октомври 2020 година бидејќи Ватикан пресудил дека со чудо спасил живот на едно дете. Црквата тврди дека тој интервенирал од небото во 2013 година за да го излечи бразилското момче кое имало вроден дефект на панкреасот, поради што не можело нормално да се храни. Ова е неговото прво признаено чудо. Второто поради кое станува светец  се однесува на заздравување на девојка од Костарика која претрпела траума на главата откако паднала од велосипед во Фиренца, Италија, каде што студирала. Нејзината мајка рекла дека се молела за закрепнување на нејзината ќерка на гробот на Акутис.

 

Римокатоличката црква учи дека само Бог може да прави чуда, но дека светците за кои се верува дека се со него на небото се застапуваат во име на луѓето кои им се молат. Необјаснивото исцелување обично се смета за чудо.

 

Откако му призна две чуда, сега папата Франциски треба да свика состанок на кардиналите за да се договорат околу неговата светост и канонизацијата.

Приказната за Карло Акутис се смета за корисна за Католичката црква бидејќи така таа се обидува подобро да се поврзе со помладите генерации во дигиталната ера.

Извор: Вечер Прес

АКТУЕЛНО

Поврзани објави