Search
Search

Кавадарци со препораки против аерозагадувањето во градот

Општина Кавадарци денеска излезе со препораки до граѓаните, против аерозагадувањето во градот. Да се користи јавниот превоз, возила да не се користат без поголема потреба, повеќе лица да се возат со едно возило во исто време, да не се користат за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и каков било синтетички материјал, правилно да се користат печките за дрва.

– Препораките се согласно известувањето од Одделението за мониторинг на квалитет на воздух, сектор македонски информативен центар за животна средина при Министерство за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија и согласно уредбата за изменување и дополнување на уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели, во која е дефиниран прагот на информирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри g/m3m(надминување на вредноста од 100 во текот на два последователни денови) и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, соопштија од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.

АКТУЕЛНО