Во сообраќајна контрола што Министерството за внатрешни работи ја спровело вчера на територијата на државава биле казнети 139 возачи поради управување на возилата со брзина поголема од дозволената.
-Осум од нив се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 67 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 72 надвор од населено место, информира МВР.
Министерството укажува дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.