Search
Search

Казнети 139 возачи поради брзо возење

Во сообраќајна контрола што Министерството за внатрешни работи ја спровело вчера на  територијата на државава биле казнети 139 возачи поради управување на возилата со брзина поголема од дозволената.

-Осум од нив се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 67 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 72 надвор од населено место, информира МВР.

Министерството укажува дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

АКТУЕЛНО