Полицијата вчера на подрачје на Скопје санкционирала 167 возачи за прекршоци во сообраќајот.
Како што информираат од МВР, 23 биле без возачка дозвола, четири санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, седум мерки за користење на мобилен телефон при возење…
„Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови“, велат од МВР.