Search
Search

Казнети над 100 возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (17.07.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 109 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 20 санкции, четири мерки за возење без возачка дозвола, осум санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, две санкции за возење под дејство на алкохол.

Изречени се четири мерки за користење на мобилен телефон при возење, две санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло…

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.

АКТУЕЛНО