Search
Search

Километарски колони за влез во Грција

Метежот на македонско-грчката граница, односно на преминот Богородица, останаа непроменета слика и по завршувањето на викендот.

Колони возила има од последната бензиска пумпа во близина на границата, па сѐ до терминалите за проверка. Стотици автомобили, долги колони, кои чекаат на четири ленти е сликата и од овој викенд. Ниту тоа што се отворени речиси сите терминали и има шест колони не е доволно за метежот да се намали.

Според АМСМ, се чека еден час за да се помине границата и да се влезе во Македонија. Додека за излез, возачите сведочат дека чекаат и повеќе.

Голем број граѓани се упатија на море за да побегнат од топлотниот бран што ја зафати земјава, која во моментот е во портокалова фаза.

АКТУЕЛНО